Државната изборна комисија денеска на седница со ждрепка го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче…

pretsedatelskiIzbori2014

Според ждрепката,кандитатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Ѓорге Иванов, ќе го носи бројот 1, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, бројот 3 на избирачкото ливче за претстојните претседателски избори.

Кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски, ќе настапи на изборите под бројот 4, а кандадитот на ДПА, Илијаз Халими, со бројот 2.

Овој редослед веднаш ќе биде објавен во Службен весник. Изборната кампања за претседателските избори почнува на 24 март. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13 април, а евентуален втор круг закажан е за 27 април.

Инаку, кандидати за претседател на државата како што е познато се Ѓорге Иванов, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, предложен со потписи од 55 пратеници и 64.961 потписи од граѓаните, Стево Пендаровски од СДСМ кој е поддржан од 38 пратеници, Илијаз Халими, од ДПА, за кого потпис со поддршка дале 12.303 граѓани и Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ, поддржан со потписи од 10.585 граѓани.