
Денес попладне во Ница беа извлечени групите за квалификациите за Европското првенство кое во 2016 година ќе се одрѓи во Франција.
На Европското првенство во Франција за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации, а во квалификациите ќе играат 53 репрезентации.
Македонија жребот го дочека од 5-от шешир и го добивме еден од најатрактивните противници, репрезентацијата на Шпанија, во Групата Ц.
Интересно е што најдобриот фудбалер на светот Кристиано Роналдо со неговата Португалија ќе гостува во Белград, а неговиот соиграч Герет Бејл со Велс ќе гостува во Сарајево.
Група А: Холандија, Чешка, Турција, Летонија, Исланд, Казакстан
Група Б: БиХ, Белгија, Израел, Велс, Кипар, Андора
Група Ц: Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија, Македонија, Луксембург,
Група Д: Германија, Република Ирска, Полска, Шкотска, Грузија, Гибралтар
Група Е: Англија, Швајцарија, Словенија, Литванија, Естонија, Сан Марино
Група Ф: Грција, Унгарија, Романија, Финска, Северна Ирска, Фарски Острови
Група Г: Русија, Шведска Австрија, Црна Гора, Молдавија, Лихтенштајн
Група Х: Италија, Хрватска, Норвешка, Бугарија, Азербејџан, Малта
Група И: Португалија, Данска, Србија, Албанија, Ерменија
Директен пласман на ЕП ќе обезбедат деветте освојувачи на првите две места во групите и најдобрата третопласирана селекција. Останатите осум третопласирани ќе играат бараж во кој четирите победници исто така ќе бидат дел од Еуро 2016.
Извор: Sportski.mk