Поради епидемија на грип меѓу натпреварувачите и на добар дел од екипата која ја реализира оваа популарно шоу-програма, продукцијата одлучила во вторник, наместо емисија во живо да биде прикажана, инаку веќе планирана, специјална емисија посветена на финалистите на најпопуларното шоу во целиот регион ” Икс Фактор”…

daniela-kajmakovski-680x365

„За жал, епидемија на грип во моментов владее во „Икс Фактор“. Планиравме пауза која требаше да се случи по половината на емитувањето на емисијата во живо, само го поместивме за овој вторник кога ќе го прикажеме „Икс Фактор Специјал“ кој според правилата служи гледачите максимално да ги запознаат натпреварувачите“, стои во соопштението на продукцијата.

Македонскиот претставник во популарното шоу, Даниел Кајмакоски, по тој повод, им се обрати на фановите на својот Фејсбук- профил.

„Добивам многу пораки од вас и гледам дека сте загрижени. Ви благодарам на сите, но сега за сега, му благодарам на Господ не ме има фатено грип!!! На другите колеги од „Икс Фактор“ им посакувам што побрзо да оздрават.“