
Енергетските пијалаци се опасни за здравјето на децата и би требало да се забрани нивното пиење во училиштата- вели здравствениот советник на британската влада Џон Винсент…
Лименките од 500 милилитри енергетски пијалак, содржат околу 13 лажици шеќер и околу 160 милиграми кофеин, што е еднакво на околу 4 лименки на Кока-Кола.
Во Велика Британија производувачите и продавачите доброволно не продаваат на лицата под 16 години.
Голем број на деца чувствуваат мачнина, забрзано чукање на срцето и вртоглавца по пиење на таквите пијалаци, а според Винсент, пиењето на ваквите пијалаци може да доведе до краткорочни последици, како зголемена раздразливост, нервоза и апелира да не ги пијат деца.
Неодамна Кели Озборн признала дека поради својата зависност од енергетски пијалаци, неколку пати паѓала во несвест а лекарите ја предупредиле дека има висок притисок.