
Натпревар за нови музички таленти или за водители на музичко шоу- Х фактор добива нова водителка во името на Ана Михајловска.
Популарното ТВ лице кое долго не сме го виделе на малите екрани се враќа во голем стил, како водителка на првото регионално натпреварување ‘‘Х фактор‘‘, понудата да биде дел од ова шоу Ана ја прифатила без двоумење и со големо воодушевување.
– Ана недостасување на големата сцена, и нејзе многу и недостасуваше телевизијата и со отворени раце ја прифати понудата да биде дел од ова доста популарно регионално натпреварување открива извор близок до водителката.
Иако минатата година дојде до недоразбирање и креативно разминување во ставовите со екипата на Булевар, водителката е спремна за нов предизвик.
Со претходното искуство што Ана го има како ударно лице на ‘‘Големиот брат‘‘ и ‘‘Операција триумф‘‘ Ана одлично ќе се снајде во улогата на водителка, таа добро знае како треба да се однесува и постави кон натпреварувачите и сметам дека таа е совршен избор за оваа позиција додава изворот.
Извор: Mojatv.mk