Најголемата опозициска партија вечерва го одржa 16. Конгрес на кој Стево Пендаровски беше избран за кандидат за претседател на Македонија…

k12

Во своето обраќање, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги повика партиските членови и граѓаните да го поддржат Пендаровски да биде избран за шеф на државата.

– Стево Пендаровски е човек со став, достоинство со личен професионален и морален интегритет и кредибилитет, човек од народот и мудар човек. Во важни моменти за државата учествуваше во донесувањето на најтешките одлуки што го вратија мирот, безбедноста и просперитетот на Македонија. Тој е човек кој ужива углед и дома, во нашата земја, но и во светот, кој ќе ги претставува интересите на сите граѓани на Македонија без разлика на нивната верска, национална, политичка и друга припадност, рече Заев.

Целта на СДСМ, како што рече Заев, е да продлжи да ја гради, европската и просперитетна иднина на Македонија.

– Да застанеме рамо до рамо со граѓаните и да ги поведе во победничка битка за спас на Македонија.

Конгресот на СДСМ со акламација го избра за претседателски кандидат на опозицијата, универзитетскиот професор Стево Пендаровски.

Пендаровски го изложи својот концепт за извршување на функцијата претседател на Република Македонија, доколку биде избран на претстојните избори во април.

Тој изјави дека негова основна цел е да ја врати важноста и достоинството на функцијата претседател. Според него, функцијата претседател во последните пет години била девалвирана.

– Ќе бидам чувар на уставот и обединувач на нацијата, рече Пендаровски во своето обраќање пред делегатите и гостите.

k5