Казино комплексот во вредност од 550 милиони евра, лоциран во Кипар, кој, според зборовите на кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, ќе биде најголем казино ресорт во Европа.

Анастасијадес, на церемонијата за поставување на камен темелник за изградба на казино комплексот “City of Dreams”, рекол дека тоа е најголем инвестициски проект некогаш започнат на Кипар, и дека ќе пружа поддршка на стратегијата земјата да стане луксузна туристичка дестинација.

Кога во 2021. година ќе почне со работа, комплексот ќе вработува околу 6.500 луѓе, ќе привлекува дополнителни 300.000 посетители на Кипар секоја година, а во економијата ќе “вбризгува” околу 700 милиони евра годишно.

Извршниот директор на компанијата “Melco International resorts”, Лоренс Хо, чија компанија работи на реализацијата на овој проект, изјавил дека привременото казино, кое се отвора на 28. јуни, ќе работи се додека целиот комплекс не биде завршен и дека оваа година ќе бидат отворени уште четири.