Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 16 до 22 степени…

toplo vreme

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево. Во претпладневните часови ќе дува умерен северен ветер, кој попладне постепено ќе стивнува.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 16 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

И во наредниот период ќе се задржи стабилно, суво и топло време. УВ-индексот ќе изнесува 5.