
Лондон е најпосетуваниот град во светот во 2013 г, како британската престолнина стигна до престижниот пласман Бангкок и Париз. Според лондонскиот општина рекордот е непосреден: “Олимпик ефект”.
Само во 2013 година 16 милиони туристи ја посетиле британската престолнина или со 12% повеќе во споредба со една година порано. Од јули до септември гостите на Лондон биле со 20% повеќе во однос на 2012 година, кога таму се одржаа Летните олимписки игри. Токму тие го лансираа градот во рангирањето со најпосакуваните туристички дестинации.
“Луѓето видоа еден убав, отворен и жив град, изјави Кит Молтхаус, заменик-градоначалник на градот.
“Се разбира, раѓањето на кралскиот принц Џорџ, победата на Енди Мареј на “Вимблдон”, најимпресивните изложби, вклучувајќи ги за Дејвид Боуви и Помпеја, низата културни настани играат важна улога во привлекувањето на повеќе туристи.
Нивниот најголем број влијаел позитивно и на економијата на градот. Вкупно 120 милиони фунти увезле тие во каса. Од туристичката индустрија пак се оптимисти дека позитивниот тренд ќе се задржи и се повеќе странци за своите патешествија ќе го изберат Лондон – градот на контрастите, како што многумина го нарекуваат.
Извор: Faktor.mk