Православниот Божиќ го слават и некои од најпознатите холивудски ѕвезди.

Додека едни се родени во православни семејства, други пак  го прифатиле православието поради своите партнери.

 Том Хенкс

Актерот, чиј што татко е потомок на Абрахам Линколн, љубовта го натера да премине во православна вера. Откако се ожени со колешката Рита Вилсон, актерот одлучи да стане православен верник. Таткото на Рита е од Бугарија, а мајка и Гркинка со потекло од Албанија.

Џејмс Белуши

Педесет и шестгодишниот Џејмс Адам Белуши е роден во Чикаго, а неговите родители емигрирале од едно албанско село, во близина на границата со Грција. Џејмс е припадник на Албанската православна црква и е горд на своите корени.

Наоми Кемпбел

Четирисетгодишната убавица која што е родена во Лондон, од страна на мајка и поттекнува од Јамајка.  Но љубовта и во овој случај е пресудна, врската со рускиот тајкун Владислав Дороњин, Наоми стана верник на Руската православна црква.

Ким Кардашијан

Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но по потекло е Ерменка.   Кардашијан е четврта генерација на иселници од Ерменија, а нејзините предци живееле на територија на која што денес се наоѓа во Турција.  Минатата година Ким на својот профил на „Твитер“ на сите им го честита Божиќ, 7-ми јануари.

Извор: Faktor.mk