Болката во грлото, која е многу чест „гостин“ во зимските денови, пробајте да ја ублажите или излекувате со лековити продукти од кои некои се веќе со векови познати како благотворни средства за нејзино отстранување…

Bolno-grlo

Доколку не сакате секогаш кога ќе ги почувствувате непријатните симптоми во грлото да одите на лекар, помогнете си сами со лековитите средства кои докажано ја острануваат болката во грлото.

Лук

Овој производ одамна е познат како лековито средство. Кога ќе почувствувате дека грлото ве пецка, изедете лук кој благотворно дејствува на имунитетот, а успешно се бори и против бактериите и вирусите. Утврдено е дека лукот успешно ги отстранува бактериите кои предизвикуваат инфекција и болки во грлото. За поголема делотворност, треба да го јадете најмалку двапати во денот. Исто така, лукот релативно брзо ја отстранува и главоболката.

Цинк

Пастилите од цинк се многу добри во борбата против болката во грлото. Некои истражувања покажуваат дека симптомите на настинка и болките во грлото се намалуваат веќе во рок од 24 часа од првото земање. Пастилите е потребно да ги земете веднаш откако ќе се појават непријатните симптоми бидејќи ако напредуваат, пастилите не даваат добри резултати.

Топла солена вода

Кога ќе почувствувате дека грлото ве чеша и пецка, земете топла солена вода која ќе ги убие бактериите во грлото. Исто така, ваквата вода го подобрува протекот на крвта и на тај начин клетките задолжени за борба против инфекции побрзо стигнуваат до надразнетото место. Најдобро е топлата солена вода да ја користите барем еднаш дневно. Водата немојте да ја пиете, туку само задржете ја некое време во устата, поточно на подрачјето на ждрелото и правете гргарање. Треба да водите сметка водата да не биде жешка бидејќи би можеле дополнително да го надразните грлото.

Билни чаеви

За болки во грлото најдобри се чаевите од нане, камилица и др. Чајот пијте го во колку што е можно поголеми количини бидејќи ќе му помогне на целиот организам, а ќе ја поттикне и детоксикацијата на организмот. Билните чаеви најдобро е да ги пиете незасладени.

Антисептички спрејови

 Кај болките во грлото ќе ви помагнат и овие спрејови. Кога антисептичкиот спреј ќе го исшприцете директно во грлото, непријатните симптоми ќе изчезнат речиси моментално. Тие брзо ги ублажуваат симптомите, но не го решаваат проблемот, па се своевидна прва помош.

Прополис

Прополисот во спреј може многу да помогне доколку имате болки во грлото. Тој е богат со аминокиселини и има висока содржина на витамини, а успешно се бори против разните видови инфекции. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи некои лица се алергични на прополис.