Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди…

 vreme1Во западните и југозападните делови на повисоките места и на планините ќе има слаби врнежи од снег, а на пониските места од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Дневната температура ќе се движи од 1 до 8 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со температура до 6 степени.