Ако сте ранобудник, секоја чест! Тоа само вели дека живеете со здрав ритам – легнувате порано, веројатно јадете повеќе оброци на време, немате чести варирања во расположението…

kafeНо, многу истражувања потврдиле дека поголемиот број од ранобудниците и уживателите во шоља со кафе сакаат овој кофеински напиток да го косумираат помеѓу 8 и 9 наутро. Оваа навика може да ги наруши сите добрини кои ги има раното будење.

Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism објави истражување кое потврдува дека човечкото тело најмногу лачи кортизол околу 8 и 30 наутро. Овој хормон кој го лачи надбубрежната жлезда, која го подигнува нивното на енергија, го нарекуваат „хормон на стресот“, одговорен е за зголемување на крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта. Кога на сето тоа ќе додадете шоља кафе со добра доза на кофеин, се повеќе лачи кортизол и организмот многу лесно доаѓа до состојба на анксиозност.

Доктор Стивен Милер вели: „… кога пиете кафе од 8 до 9 наутро, го пиете кога вашето тело природно е брзо, активно благодарејќи на кортизолот… Ќе имате време за кафе после 9 и 30 до 11 и 30 часот кога нивото на хормонот во крвта опаѓа и тогаш ќе почувствувате полн ефект од кафето.“