
ДУИ нема да истакне свој кандидат на претстојните претседателски избори…
Пратеничката група на ДУИ ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието и за распишување предвремени парламентарни избори, одлучи Централното претседателство на партијата вечерва.
Ова го објави генералниот секретар на партијата Абдилаќим Адеми, кој истовремено ги повика Албанците да не гласаат за ниту еден од понудените кандидати за претседател на државата.
ДУИ нема да истакне свој кандидат на претстојните претседателски избори.
Според информациите на Алсат-М, Собранието би можело да се распушти уште в понеделник. Според најавите, предвремените парламентарни избори би се одржале заедно со вториот круг од претседателските.
Извор: Faktor.mk