На доделувањето на наградите кои се одржаa во музејот на модерна уметност во Палма де Мајорка, шпанскиот медиум „Cruises News“, го прогласи Дубровник за најдобра дестинација во Средоземното Море…

dubrovnik_005-651x325

Како што е соопштува порталот „Дубровник прес“, „Cruises News Media Group“, специјализиранот медиум за крстарења во Шпанија, веќе седум години ја доделува престижната награда „Excellence Cruise Awards“.

18241918515308b8b1bd4c4855837658_orig

Наградите се доделуваат врз основа на гласањетто на корисниците на крстарењата и туристичките агенции во Шпанија, a истите и оваа година, го одбраа пристаништето на Дубровник за најдобра дестинација во Средоземното Море.

croatia_dalmatia_dubrovnik_hotel_dubrovnik_palace_003

Хрватска и претходно ја освојувала наградата „Excellence Cruise Awards“. Имено, ова е четврти пат тие да освојат награда. Претходните три ги делеа со Венеција и Турција, а оваа година за прв пат се најде сама на победничкиот трон.

Dubrovnik_streets