Една од најголемите балкански ѕвезди на сите времиња, Лепа Брена, неодамна беше на прошетка низ Германија, а по враќањето доживеала непријатна ситуација.

Кога пристигнала на аеродромот во Белград, сватила дека останала без куферот, по што веднаш се шокирала бидејќи во него се наоѓал хонорарот кој го добила за предстојниот концерт.

„Брена ги посети пријателите во Германија, а покрај тоа се сретна и со луѓето кои го закажаа концертот. На состанокот тие и исплатија одредена сума за настапот, земајќи во предвид дека таа секогаш наплаќа однапред. Бидејќи во неа имаше повеќе илјади евра, сите ги стави во куфер, а кога се врати во Белград, куферот го немаше на аеродромската трака. Веднаш предизвика драма на аеродромот, а на шалтерот и рекоа дека куферот е изгубен, па ќе биде контактирана на нејзиниот телефонски број откако ќе го пронајдат. Со оглед на тоа дека Брена во куферот имаше огромна сума на пари, мораше и самата да се ангажира и да ги искористи своите врски, со цел куферот да биде пронајден за пократок период. Следниот ден беше контактирана од аеродромот дека куферот е пронајден, а таа и покрај тоа што имаше полна куќа со гости, веднаш потрча кон аеродромот“, вели близок извор до пејачката.

Се уште не е познато дали парите останале во куферот, но Брена со насмевка на лицето го напуштила аеродромот.