
Српските медиуми објавија дека сега во јавноста исплива фотографија од периодот додека тие беа во брак, која пејачката досега ја чувала во архива. Цеца и Аркан се фатени како се веселат, додека Цеца игра на маса, а нејзиниот сопруг ја следи и ја гледа сосема заљубено.
Свадбата на Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан беше свадба на векот. Цеца и Жељко се венчаа по две години од почетокот на врската, на 19 февруари 1995 година. На социјалната мрежа Инстаграм е објавена фотографија на која се гледа како Цеца танцува на маса, а Аркан во опуштено расположение танцува околу неа.

Инаку, она што е актуелно а што е поврзано со пејачката е дека таа и популарниот пејач Аца Лукас по долгогодишно пријателство веќе не се во добри односи.
Пејачот и пејачката за ова не зборуваа во јавноста, а многумина се сомневаат дека веќе не се дружат, ниту пак комуницираат. Сега за прв пат Лукас кажа во какви односи се со Цеца и зошто веќе не се виртуелни пријатели на фејсбук и инстаграм.
Јас ова не го правам, имам девојка која што се грижи за Инстаграм и таа заследува и отследува, рекол Лукас во вчерашната емисија на Огњен Амиџиќ.