Модното дуо Долче и Габана, моделите на Викторија Бекам ги споредиле со моделите на „high street“ брендови…

Victoria-Beckham-Dolce-and-Gabbana

Во светот на шоубизнисот и модната индустрија зад секое пријателство треба да стои еден голем знак прашалник. Славното италијанско креаторско дуо Доменико Долче и Стефано Габана остро на една изложба во Лондон го критикувале творењето на британската дизајнерка, и нивна пријателка Викторија Бекам.

– Таа е пријателка. Врши добра работа, но за нас не е вистински дизајнер. Таа стана дизајнерка поради многу, многу други работи. Таа е моден дизајнер, но на друг начин. Џон Галијано е дизајнер, Александар Меквин ја имаше таа титула – искоментирале Долче и Габана пред неколку дена на лондонската изложба „Glamour Of Italian Fashion“.

Модното дуо Долче и Габана, моделите на Викторија Бекам ги споредиле со моделите на „high street“ брендови.