
2013 та година заврши како една од оние со највисоко ниво на јавниот долг на Централната Влада.
Според најновите податоци на Министерството за финансии, заклучно со декември, дома и кон странство државата должи 2,7 милијарди евра. Ланската година измина во знакот на раст на задолжувањата кај домашните кредитори, преку објавување на аукции на записи, но и на подолгорочни обврзници кои ќе се отплаќаат во следните пет години. Според експертите нивото на јавен долг од 34,3% и натаму не ја одразува реалната состјба со задолжувањата. Дополнително, следните неколку години долгот само по основ на кинескиот кредит за изградба на двата автопати ќе се зголемува за нови 200 милиони евра, пари кои ќе се книжат на сметка на Јавното претпријатие за патишта.
Здравството и Јавните претпријатија должат 500 милиони евра?
Само Централната Влада и државните Фондови на крајот од 2013 та година должеле 2 милијарди и 757 милиони евра. Јавниот долг на Централната Влада заклучно со декември, лани достигна 34,3% од Бруто Домашниот Производ, што претставува едно од највисоките нивоа што се измерени во последните осум години.
2013 та година, според анализата на објавените податоци од Министерството за финансии, поминала во знакот на праст на внатрешните задолжувања. Така, само за една година, или од крајот на 2012 та година до крајот на 2013 та година, долговите на Владата кон домашните кредитори се зголемиле за повеќе од 230 милиони евра.
Повеќе за ова на Faktor.mk