
Многумина од нас се плашат од смртта бидејќи на сите ни е предодредено да умреме еден ден. Луѓето се поврзани со своите тела, а токму телата се оние кои умираат. Но, нова теорија тврди дека смртта не е конечна.
Еден од добро познатите аспекти на квантната физика е дека одредени забелешки не можат да бидат апсолутно предвидени. Наместо тоа, постои низа од бројни забелешки, секоја со различна веројатност. Едно од најчестите објаснувања, интерпретација на „мноштво на светови“ тврди дека секоја од овие можни обсервации кореспондира со некој друг универзум
или т.н. мултиверзум.
Новата научна теорија, или биоц ентризам малку ги дообјаснува овие идеи. Според неа, постојат безброј универзуми и веројатно сé што се случува се случува во нив. Така, ниту смртта не постои во вистинска смисла. Сите универзуми постојат во исто време без разлика на тоа што се случува во нив.
Иако нашите тела се предодредени да бидат уништени, сепак чувството на живот -„Кој сум јас?“-всушност претставува енергетска фонтана од 20 вати која го контролира мозокот. Меѓутоа, оваа енергија не се губи после смртта. Како што тврди еден од најпознатите аксиоми на науката енергијата не може да умре, таа ниту се губи, ниту се создава.
Но, прашањето е дали оваа енергија се пренесува од еден свет во друг? Според биоцентризмот, времето и просторот не се тврди објекти како што ние мислиме. Еве на пример, доколку мавнете со раката во воздух и доколку отстраните сé, што ќе остане? Ништо.
Истото важи и за времето. Сé што гледаме и чувствуваме се случува во нашата глава. Просторот и времето се само алатки кои ги користме како би можеле полесно да ги поврземе работите. Така, смртта не постои во вонвременски и безпросторен свет. На самиот крај дури и Алберт Ајнштајн го признал тоа со зборовите: „Мојот стар пријател го напушти овој свет пред мене. Тоа не значи ништо. Луѓето како нас знаат дека разликата меѓу минатото, сегашноста и иднината е само една тврдоглаво упорна илузија“. Бесмртноста не значи непрекинато постоење во време без крај, бесмртноста е сместена вон времето.
Извор: Think.mk