
Супер-секси жените влеваат стравопочитување. Тие изгледаат поживи, помоќни и поубави од другите припаднички од убавиот пол…
Енергијата која ја носат е речиси животинска и магнетски ги привлекува припадниците на двата пола.
Фасцинантно кај овие жени е што нивниот изглед е отпорен на годините и промените во физичкиот изглед, а тоа што е кај нив секси има малку врска со годините или со фигурата.
Некои жени се супер-секси поради биохемијата која ја поседуваат. Тоа е феромон, кој го претставува нивниот природен мирис и аромата на телото која ги привлекува и мажите и жените. Меѓутоа, феромоните не можат вештачки да се направат и ниеден парфем не успеал тоа верно да го копира. Феромонот или го поседувате или не.
Меѓутоа, работите кои која било жена може да ги направи за да биде секси, ги има многу. Поголем број се сведуваат на говорот на телото и усовршување на вербалните комуникации, но тие, исто така, мораат да знаат и да слушаат што другите зборуваат.
Еден од најлесните начини да постигнете секси-изглед е користењето на рацете. Користете ги за нагласување на своите зборови. Завртете ги провокативно околу половината или околу чашата за вино, откопчајте полека едно копче од џемперот или кошулата, допрете го соговорникот.
Другите телесни знаци кои покажуваат сексапилност се прекрстување на нозете, контакт со очите.
Научете да го читате и машкиот говор на телото: раширени ноздри се знак дека го привлекувате. Кога заминувате, немојте само да си станете и да си одите, свртете се и погледнете го за момент.
Активното слушање, која е терапевтска вештина, исто така, може да биде супер-секси. Работата е во концентрацијата. Гледајте го додека ви се обраќа, шарајте со погледот меѓу неговите очи и усни.
И запомнете: не морате да бидете супер-секси цело време. Фокусирајте ја вашата сексуална енергија во период кога ви е најмногу потребна. Тоа е оружје и тоа моќно. Користете го кога ќе сакате.
Извор: Plusinfo.mk