
Еден од осомничените за убиството на 14 годишната Вања, Љупчо Палевски Палчо деновиве бил доста активен на социјалните мрежи односно на Фејсбук.
На 29 ноември, два дена по исчезнувањето и убиството на девојчето, тој има видеообраќање до своите следбеници, повторно поврзано со политика, како и уште неколку политички објави.
Само ден по убиството на девојчето има обраќање од час и половина во кое беседи дека Македонија е пералница на пари во Европа. Истиот ден објавува и 2,5-часовна видео дебата. Има уште неколку политички поста.
На денот на грабнувањето и убиството на девојчето нема објавено ништо на Фејсбук.
На 22 ноември, кога исчезнува убиениот Панче Жежовски од Велес, Љ.П. има неколку политички објави на неговата Фејсбук страница.
Во ниту еден момент не ги споменува исчезнатите по кои трага цела Македонија.
Тој постира свои политички ставови, како и ставови на неговото политичко движење „Десна“, кое го опишува како „Прирачник на чистите, сирови идеи“. Со ова движење се поврзани и другите осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.