
Државната изборна комисија на денешната седница одлучи да побара од Владата и од Министерството за финансии дополнителни 124 милиони и осум илјади денари од резервите на Буџетот, неопходни за реализација на изборите за претседател на Република Македонија, закажани за 13-ти април оваа година…
Како што се наведува во соопштението од седницата на ДИК, до овој заклучок е дојдено по исцрпно разгледување и усвојување на предлог финансискиот план за распределба на средствата за избор на претседател на државата, како и по прифаќањето на Годишниот план за вкупните јавни набавки на ДИК по програмата 21 која се однесува на изборните активности.
До обезбедување на овие буџетски средства, како што се посочува, ДИК нема да може да врши јавни набавки.