
Право на глас ќе имаат 1.779.572 граѓани од кои 1.707.228 во Македонија и 70.305 во странство…
Државната изборна комисија денеска го заклучи Избирачкиот список за претстојните претседателски избори на кои право на глас ќе имаат 1.779.572 граѓани од кои 1.707.228 во Македонија и 70.305 во странство.
Во дипломатско-конзуларните претставништва ќе гласаат 8.332 граѓани. Во САД ќе гласаат 1.426, во ЕУ 5.892 и во Азија 1.014 граѓани.
Исто така, ќе гласаат 39 раселени лица, 1.706 затвореници и 294 лица во ДИК. Нема гласачи во Каиро, Киев, Москва, Доха, Атина и Њу Делхи.