izgled-policija-new-04

На 17.03.2014 год. околу 22,00 часот во Скопје, на Плоштад пред Камениот мост, настанала тепачка помеѓу  повеќе лица во која С.К.(25) од с.Волково, скопско бил прободен со нож  во пределот на  ногата, истиот е пренесен во ГОБ Св.„Наум Охридски“  каде му се констатирани телесни повреди.

По преземените мерки од страна на СВР Скопје, во ПС Центар приведени се М.А.(37), Н.А.(33) и Е.Ј.(31) сите од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.

Извор: Sky.mk