
Без оглед на тоа дали редовно твитувате или не, барем еден од овие десет податоци за социјалната мрежа Твитер ќе ве изненадат…
Поради еден лажен твит од минатата година своевремено за миг се продале акции во вредност од 130 милијарди долари.
Во спорниот твит било наведено дека претседателот Барак Обама бил сериозно повреден во една експлозија во Белата куќа.Првиот обајвен твит потекнува од 2006 година .
Негов автор е Џек Дорси, еден од основачите на оваа мрежа, кој едноставно напишал „Само што го подесувам својот Твитер“. Инаку „Twitter“ било едно од првобитните имиња наменети за оваа мрежа,а во игра бил и називот Friendstalker.
Во 2009 година Даниел Најт Хајдин станал првата личност која била кривично гонета поради твитувањето. Тој сакал да покрене војна против владата во САД и покрај тоа им се заканувал на полицајците дека ќе им ги пресече главите.
Хаштагот #Nowthatchersdead залажувал многумина да помислат дека Шер починала „Now that Cher’s dead“. Меѓутоа хаштагот се однесувал на смртта на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер (Now Thatcher’s Dead).
Слична забуна се случила и на промоцијата на албумот на Сузан Бојл, кога нејзиниот тим го осмислил хаштагот #Susanalbumparty. Многумина помислиле дека наместо “Susan Album Party” хаштагот го протолкувале како “Sus Anal Bum Party”.
Холандската порно-актерка Боби Еден ветила јавно дека сексуално ќе ги задоволи сите свои 100.000 следбеници доколку Холандија во 2010 победеше во финалето на светското првенство во фудбал. За жал на нејзините следбеници, Холандија во самото финале изгуби од Шпанија.
Биле потребни скоро три години, два месеци и еден ден за да се присоберат првите милијарда твитови.
Денес повеќе од милијарда твитови се објавуваат на секои 48 часа.Твитер може да го предвиди појавувањето на грипот и слични епидемии и начинот на нивно ширење, тврди студијата која аналзиарала 167.995 твитови.
Твитовите кои зборуваат за болеста во оваа студија се користени за да се уочи појавата на грипот, и тоа било успешна псотапка во 9 од 11 американски градови кои биле дел од истражувањето.Твитер во моментот вреди околу 30 милијарди долари.
Сепак оваа социјална мрежа никогаш не била неспоредно профитабилна како што се очекувало, а во 2013 година бил забележан губиток од 645 милиони долари.Многумина го користат Твитер како бесплатна промоција но и заработка.
Раперот Фифти Сент така заработил 5 милиони долари откако ги охрабрил своите следбеници да ги купат акциите на компанијата „H and H imports“. Се разбира дел од компанијата била во сопственост на раперот. Секој трет корисник на интернет во Саудиска Арабија активно користи Твитер. Процентот од 33 отсто е светски рекорд. За споредба во САД тој процент на интернет корисници изнесува 11 отсто.
Извор: Plusinfo.mk