До редакцијата на Делчеводенес.мк пристигна демант од Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија на информацијата објавена со наслов „ФОТО: Големи одрони го прекинаа собраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица“ објавен на 21.02.2014 година.
Во демантот на јавното претпријатије се вели:
Со цел објективно информирање на јавноста, во посочениот текст објавен на вашиот портал ве информираме за следното: Во тек се активности за рехабилитација на Магистралниот пат А3. Активностите кои ЈП за државни патишта ги презема за рехабилитацијата на патниот правец М.Каменица – Делчево опфаќаат и отстранување на нестабилни карпести маси и растеретување на косините кои преставуваат потенцијална опасност за одвивањето на собраќајот. Овие активности се изведуваат со повремен прекин на собраќајот и континуирано чистење на коловозот. Работите се очекуваат да завршат до крајот на месец април.
Со почит, ЈП за државни патишта