
Колонии од гасеници на боровиот четник немилосрдно ја масакрираат боровата шума на Осоговските планини. Кочанчани, општинските власти и еколозите се во паника, објавува “Канал 5″…
Штетниот инсект досега опустошил над илјада хектари квалитетна и стара борова шума, заканувајќи се во целост да ја соголи Осоговијата.
Најмногу штета е направена на надморска височина од 500 до 900 метри, долж асфалтниот пат што води од Кочани до зимско-рекреативниот центар Пониква.
Во овој реон, наместо зелена, доминира кафена боја од стотици исушени стебла од бор, инаку стари од 20 до 50 години. Локалните власти од Кочани се мобилизираат.
Мерките за сузбивање на наездата на штетникот ги координираат со експерти од Шумарскиот факултет, пренесува телевизијата.