
Жител на Делчево фалсификувал пари и тоа банкноти во евра, па потоа пробал место во Делчево да ги пушти во оптек во менувачница во Кочани…
Се работи за 26-годишното момче од Делчево со иницијали Ш.М. кој наводно набавил фалсификувани банкноти од по 100 евра.
Банкнотите наводно не ги фалсификувал тој туку ги набавил од засега непознато лице , а потоа 26 годишниот делчевчанец истите ги заменил во една менувачница во Кочани.
Како што наведуваат од полициската станица во Кочани против 26 годишното момче од Делчево ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело “фалсификување пари”.