И оваа година делчевското село Звегор ќе биде домаќин на познатата традиционална манифестација “Звегорска Сурова” која секоја година се одржува во предвечерието на празникот Василица…

1495530_626832167378326_866708691_n - Copy

Течат подготовките за овогодинешното издание на познатата манифестација Звегорска Сурова која секоја година с одржува во делчевското село Звегор.

Оваа година манифестацијата ќе се одржи на 13-ти и 14-ти јануари како и секоја година за празникот Василица. Оваа година кумови на манифестацијата се Антонио Цветковски и Драган Николовски.

Манифестацијата започнува на 13-ти јануари со почеток во 8 часот наутро кога од страна на најмладите се посетуваат сите куќи во селото.Вечерта на 13-ти јануари од 18 до 21 часот ќе се подготвуваат маските во домовите на сурвоскарите за централниот настан.

Централниот настан ќе се одвива на 14-ти јануари во центарот на селото, а истиот ќе започне уште во ноќта спроти Василица , па ќе продолжи во текот на целиот ден каде што со звукот на зурлите и тапаните сурвоскарите ќе ги посетат куќите во селото, а потоа од 12 до 14:30 часот ќе продефилираат по централната улица во селото Звегор.

И оваа годинасо подршка за организацијата како и за целата манифестација се јавува и Општина Делчево, заедно со Градоначалникот Дарко Шехтански.

Не ја пропуштејте и овогодинешната Звегорка Сурова, затоа што Звегорската сурва е настан кој вреди и треба да се проследи и доживее. на 13-ти и 14-ти јануари сите во селото Звегор.Бидете дел.

Во продолжение ви ја претставуваме целата програма за манифеставијата Звегорска Сурова 2013 година…

1495530_626832167378326_866708691_n