Советот на Општина Делчево утре со почеток во 14.00 часот ќе ја одржи својата тринаесетта  седница…

BAner sovet na opstina Delcevo

Седницата ќе се одржи во салата за седници во ООУ Ванчо Прке во Делчево, а делчевските советници на истата ќе расправаат за 20 точки од Дневниот ред.

За седницата е предложен следниот дневен ред:

-Усвојување на Записникот од 12.седница на Советот на Општина Делчево

1. Предлог-Програма за работа на Советот на  општина Делчево за 2014 година;

Образлагач: Драган Христов-Претседател на Советот на Општина Делчево и претседател на Комисијата за изработка на Програма за работа на Совет;

2. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во општина Делчево за 2014 година;

3. Годишен извештај за спроведување на Програмата за управување со отпад во општина Делчево за 2013 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Крум Николовски-Раководител на Одделението за инспекциски надзор.

4. Предлог-Одлука за определување и исплата на надоместокот за изборните трошоци на организаторите на изборната кампања на Локалните избори во 2013 година во општина Делчево;

5. Предлог-Одлука за определување на места за истакнување на изборни плакати во општина Делчево;

6. Предлог-Упатство за начинот на водење евиденција за личните податоци кои се дадени на користење на корисник од страна на општина Делчево;

7. Предлог-Правилник за начинот на вршење на видео надзор во службените простории на општина Делчево;

8. Предлог-План за создавање на систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци;

9. Предлог-Упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење на обработка на личните податоци и за пренесување на медиумите надвор од работните простории на општина Делчево;

10. Предлог-Правилник за определување на обврските и одговорностите на овластените лица при користење на документите и информатичко комуникациската опрема;

11.Предлог-Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти;

12. Предлог-Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно   врачање на зачуваните лични податоци;

13. Предлог-Правилник за начинот на уништување на документите, како и за начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите;

Образлагач: Сузана Петровска-раководител на Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.

14. Предлог-Одлука за усвојување на Планот за запишување на ученици во прва година во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2014/2015 година;

15. Полугодишен извештај за реализација на Годишната програма за работа на СОУ „М.М.Брицо“ во учебната 2013/2014 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

16. Завршна сметка на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за 2013 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

Образлагач: Митко Антовски-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.

17. Програма за работа на ЈПКД „Брегалница“ за 2014 година со Предлог- Заклучок за усвојување;

Образлагач: Ванчо Цветковски- Директор на ЈПКД „Брегалница“-Делчево.

18. Полугодишен извештај за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“ за прво полугодие во учебната 2013/2014 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

Образлагач: Валентина Михаиловска-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.

19. Полугодишен извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ „Ванчо Прке“ за учебната 2013/2014 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

Образлагач: Сашко Ивановски-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

 20. Прашања и предлози на членови на Совет.