Полициската станица во Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Б.(20) од Крива Паланка, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет нарктоични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 27.11.2013 година, околу 01,30 часот, на ГП „Делчево“ на излез од Р Македонија извршена е контрола на патничко возило управувано од пријавениот, при што се пронајдени и запленети 0,12 грама марихуана.