Започна  изградбата на нов паркин простор во централното градско подрачје на Делчево…

1897813_773915715952479_549696901_n

Денеска во Делчево започна изградбата на нов паркинг простор. Станува збор за паркинг простор кој ќе се простира помеѓу улиците “Кеј на ослободувањето” и реката Брегалница, односно позади новиот соборниот храм “Св.Кирил и Методиј” во централното градско подрачје во Делчево.

Изградбата на новиот паркинг простор е од особено значење за жителите од овој дел од градот , но и воопшто за сите граѓани кои поминуваат и се движат низ централното градско подрачје. Се работи за проект за изградба на паркинг простор со површина од 910 м2 , а истиот ќе опфаќа 39 паркинг места.

Новиот паркинг простор е финансиран со средства од Буџетот на Општина Делчево, а изведувач на работите е приватна градежна фирма од Делчево која беше избрана како најповолен понудувач по претходно спроведената јавна набавка.

1977433_773915609285823_1799909218_n

1898018_773915625952488_187679477_n