
Во Општина Делчево се одбележа 70 годишнината од февруарскиот поход во организација на Општина Делчево…
Оваа година манифестацијата се одржа на планината Голак, а истата започна со планинарски марш од Делчево до планината Голак.
На планинарскиот марш учество зедоа повеќе спортски-рекреатвни планинарски друштва меѓу кои СРК “Поп” од Делчево, ПСД “Голак” од Делчево, ПД “Голачка црна” од Делчево, ПД “Куманово” од Куманово, ПД “Козјак” од Прилеп и ПК “Озрен” од Пробиштип со вкупно 60-тина планинари.
Централниот настан за одбележувањето на Февруарскиот поход се одбележа пред спомен плочата поставена во чест на овој настан со почеток во 12.00 часот.
Покрај планинарскиот марш пред спомен плочата од страна на членовите на КУД “Гоце Делчев” Делчево, беше прочитан пригоден реферат за значењето на февруарскиот поход.
Исто така беше положени и свежо цвеќе пред спомен плочата посветена на Февруарскиот поход и тоа од претставници на Општина Делчево, претставници на борците од НОВ, претставници на политички партии и здруженија на граѓани.
Фотографиите се превземени од официјалниот веб портал на Општина Делчево