
Денеска Делчево одбележа 142 години од раѓањето на својот патрон Гоце Делчев и му оддаде почит пред неговиот споменик во центарот на градот…
И во Делчево денеска беше одбележана 142 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.По овој повод членови од КУД Гоце Делчев прочитаа пригоден реферат за ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Во центарот на градот пред неговото спомен обележје се поклонија и положија свежо цвеќе претставници од Локалната самоуправа на чело со Градоначалникот Дарко Шехтански, од Советот на Општина Делчево, со претседателот Драган Христов, претставници од политичките партии во општината, здруженија на граѓани, КУД Гоце Делчев и група граѓани.
Фотографиите се преземени од фејсбук фан страната на Општина Делчево