Црквата “Св.Богородица” во Делчево е подготвена за одбележувањето на претстојниот голем христијаник празник на Богојавление – Водици…

delcevo-vodici1

Во недела на 19-ти јнуари традиционално секоја година се одбележува и прославува големиот христијански празник Богојавление Водици.

Така и во Делчево од страна на Црквата “Св.Богородица” се направени сите подготовки околу одбележувањето на претстојниот празник.

По тој повод традиционално како и секоја година така и оваа во водите на реката Брегалница во централното градско подрачје ќе биде фрлен светиот крст, по кој оваа година досега се пријавиле да скокнат околу триесетина верници.

Пред тоа во храмот на црквата “Св.Богородица” ќе се одржи света божествена литургија, од каде што ги повикуваат сите граѓани покрај присуството на фрлањето на крстот да дојдат и да бидат дел и од божествената литургија.

Оваа година фрлањето на крстот ке се случува околу 10:30 часот, а среќникот кој што ќе го фати светиот крст ќе биде награден со соодветни награди.