Паметните телефони уште еднаш ја докажаа својата корисност, ви представуваме две андроид апликации кои секоја жена треба да ги има на својот смартфон.

zeni_app

Period Tracker

Секоја жена води список во кој го запишува точното време на циклусот. Денес, нема потреба од тоа. Апликацијата како Period Tracker или My Calendar не само што ќе води евиденција за терминот менструација, туку и ќе ве известува за тоа кога ќе биде следната. Исто така, за време на циклусот можете да одговарате на одредени анкети за тоа како се чувствувате, а апликацијата ќе ве известува и за плодните денови.

myPill

Ако заборавите да земете контрацептивна пилула би можеле да се случат секакви работи. Оваа апликација автоматски подесува аларм и испраќа потсетник секој пат кога ќе треба да земете пилула. Таа, исто така ве потсетува кога е време да купите ново паковање.

Извор: Think.mk