
Двајца Хрвати кои се вратиле од печалба од Германија, со порака до сите оние кои планираат да побараат подобар живот во западните земји.
Многумина се селат надвор од својата држава во потрага по подобри работни места и подобар животен стандард, но браќата Лука и Мирослав Шошиќ од Хрватска се вратиле во родното место и матичната земја.
„Немојте да мислите дека во Германија ќе ве чека мед и млеко“, вели Мирослав.
На крајот на минатата година во Германија живееле 395.665 хрватски државјани. Иако многу луѓе мислат поинаку, браќата Шошиќ велат дека воопшто не се живее лесно ниту во најголемата економска сила во Европа. Да, се заработува, но скоро 80 % од зароботеното го трошите на даноци, трошоци за живот, наемнина и останати трошоци. Скоро и да не остануваат средства за да можете да заштедите.
„Насекаде луѓето велат дека е убаво да се живее во Германија, дека е одлично, но има и друга страна од медалот. Животот не е живот за мене ако еден човек има само деловен костум и пижами и соблече пижами па повторно облекува деловен костум“, вели Лука.