
Даниел Кајмакоски е победник на регионалното музичко шоу Х Фактор Адриа…
Тој во завршницата се бореше со Тамара Милановиќ и се претстави со две песни. Ја пееше „The Hardest Thing“ од Тоше и песната со која се појави за прв пат на ова шоу Red од Daniel Merriweather.
Тамара се претстави со „Run“ од Леона Луис, и таа исто како и Даниел ја пееше песната со која прв пат ја изведуваше „Don’t You Remember“ од Adele.
Публиката одлучи токму нашиот претставник Даниел Кајмакоски да биде победник. А и жирито имаше само пофални зборови за него.
Драго ми е да помина се во најдобар ред сепак публиката е таа која што одлучи, рече Жељко.
Супер е тоа што ги пееја песните со кои се прославија, рече Емина. Даниел денеска „развали“, се гордеам и со него и со Тамара, додаде Кики. А Кристина исто така со воодушевување зборуваше за Даниел.
Toj вечерва прво настапи со „Sex on fire“ од Kings Of Leon:
Потоа ја пееше „Angels“ од Роби Вилијамс:
БРАВО МАЈСТОРЕ, СЕКОЈА ЧЕСТ !