daniel-kajmakoski-01

Едно од најпријатните изненадувања на годинешното издание на шоуто „X Factor“, стружанецот Даниел Кајмаковски на својата официјална веб страна објави дека на 17-ти јануари ќе настапи во Охрид, заедно со неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ. 

Јоксимовиќ ќе одржи концерт на спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“ како дел од програмата за одбележување на празникот Водици во Охрид.

– Многу се гордеам што можам да ви кажам дека во петок на 17.01 2014 конечно ќе настапувам во Македонија. Се надевам дека ќе дојдете да уживате заедно со мене и Жељко Јоксимовиќ, а утре стискајте палци, ќе ми треба вашата поддршка, напиша Кајмаковски.

Извор: МојаТВ.мк