
Здравата храна има позитивни дејства само доколку ја јадеме на правилен начин…
Прочитајте кои продукти најчесто не ги консумираме или не ги подготвуваме како што би требало.
Зеленчукот го варите или ги доварувате во микробранова печка
Правилен начин: Готвење на пареа
Готвење на пареа е многу поздраво и поделотворно од кој било друг метод, е објавено во новата американска студија. Денес постојат многу кујнски апарати кои се наменети за вакво готвење. Набавете ги и на тој начин ќе ги зачувате сите хранливи материи во продуктите.
Ги сечете јагодите
Правилен начин: Изедете ги цели
Доколку сакате да внесете многу витамин Ц, изедете ги јагодите цели, не ги сечкајте. Витаминот Ц почнува да се руши на светлина и во допир со кислород. Целите јагоди ставете ги во ладилник, немојте да ги сечете пред тоа.
Виното го оставате половина отворено
Правилен начин: Пијте го додека е свежо отворено
Шишето со вино кога еднаш ќе го отворите потрудете се да го испиете. Не мора сами да го испиете, секако. Доколку го оставите преку ноќ дури и полуотворено ќе ги изгубите бенефициите кои ги има свежото вино.
Доматите ги јадете сирови
Правилен начин: Варете ги доматите
Редовното консумирање домати ги спречува срцевите проблеми, помага во борбата против рак на простата. Посебно се препорачува за да го внесуваат мажите во што поголеми колични. Повеќето луѓе практикуваат да го јадат свеж, што и не лошо, но варениот има далеку повеќе вредности.
Избегнувате замрзната храна во продавниците
Правилен начин: слободно купете замрзнати продукти
Некои продукти дури содржат и поголема нутритивна вредност кога се замрзнати (на пример, пченката, грашокот, спанаќот, боровинките, црешите).
Извор: Plusinfo.mk