
Шармантната Маја Павловиќ (24) од Чачак е една од најубавите и најзгодните Србинки, што не чуди, бидејќи Маја е шампионка во бикини фитнес…
Меѓутоа, што се однесува до политиката, тука е дефинитивно најубава политичарка во Србија. За српски „Телеграф“ Маја зборува за своите политички амбиции, кариерата, со порака дека за неа Ивица Дачиќ е најголем шмекер меѓу политичарите!
Маја е одличен студент по медицина во Крагујевац, а во моментов е на четврта година. Таа е членка на Социјалистичката партија на Србија во општинскиот одбор во Чачак, задолжена за младината и спортот во својот град. Маја го сврте вниманието со освојувањето бројни медали и пехари на престижните фитнес натпревари, во Србија и на Балканот.
– Интензивно тренирам веќе седум години, а се натпреварувам во фитнес четири години. Не сум ја менувала категоријата, и понатаму се натпреварувам и во бикини фитнес, како што тоа и порано го правев. Логична цел на моите напори е медалот на европското и светското првенство, каде оваа година, на првенството во Украина, успеав да се пласирам во топ шест – вели шампионката на Србија и на Балканот.
На прашањето дали има амбиции да помине во професионални води и да освои ИФББ профи карта и можеби еден ден да биде Мис Олимпија, Маја одговара дека „за сега за тоа не размислува, поради обврските на факултет, но дека таа опција секогаш останува отворена, бидејќи е тоа нешто за што секоја натпреварувачка сонува“.
Маја е член на СПС, а на нејзиниот Фејсбук профил може да се прочита дека таа партија и е работно место. Од каде Мис Фитнес во политика?
– Мене политиката едноставно ми се случи. Не планирав да се занимавам со тоа, но потребата во нешто да учествувам и желбата нешто да променам, влијааше поактивно политички да се ангажирам – вели Маја.
Дали одат политиката и спортот?
– Како да не! За занимавање со политика, како и за занимавање со спорт, е потребен сличен склоп на личности, а и самите активности во многу работи се испреплетуваат.
Зошто од сите партии ја одбравте СПС? Дали е во прашање идеологија, љубов или нешто трето?
– Кај мене е тоа прашање на традиција, па СПС се наметна како логичен избор. Јас сум ангажирана во областа на спортот во мојот град каде на ниво на младината на СПС работам на организацијата на спортските активности.
Како на тебе гледаат колегите во партијата и како кон тебе се однесуваат, односно дали имало меѓупартиски додворувања?
– Колегите во партијата ме прифаќаат како соработничка, додека нашите односи се многу другарски и колегијални. Нема причина за страв. Својата сила ја изразувам на тренинзите и на натпреварите.
Маја открива и кој политичар во Србија за неа е најголем шмекер и на кого се воодушевува:
– Секако, Ивица Дачиќ.
Со кого преферирате да излезете на вечера – со Дачиќ, Ружиќ или со Ивица Тончев?
– Нема дилема, имајќи предвид дека станува збор за колеги од партијата би излегла со сите на вечера, но претседател е, сепак, претседател.
На прашањето какви амбиции има во политиката, Маја без секунда премислување одговара: „Мислам дека местото на премиер сосема убаво би ми стоело! Жените треба со своите способности да се изборат за поголеми фукнции во политиката, што значи дека треба да се жртвуваат и се да подредат на својата политичка цел, за што повеќето жени се уште не се подготвени.“
Извор: Plusinfo.mk