
Технолошката компанија Гугл зачекори во светот на автомобили, склучувајќи договорсо неколку големи производители на вчерашното отворање на автосалони во Лас Вегас.
Заедно ќе смислуваат како да го вклучат мобилниот оперативен систем “Андроид” во управувањето на автомобилот. Гугл на тој начин сака да ја престигне конкуренцијата Епл, која веќе работи на ова во Мерцедес.
Американскиот гигант Гугл планира да ја прошири популарноста на оперативниот систем “андроид” во автомобилите. Компанијата соопшти дека склучила партнерство со Ауди, Генерал моторс, Хонда и Хјундаи.
Оперативниот систем “андроид” доминира на пазарот за паметните телефони со удел од околу 80%. На второ место е, со големо заостанување, оперативниот систем iOS, чиј пазарен удел изнесува помалку од 15%.
Извор: Think.mk