Македонија е на 16-тото место на листата на најпаметни држави во светот според коефициентот на интелигенција…

intelligence-564x272

Листата изработена врз основа на десетгодишен труд на тим истражувачи составен од британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тату Вананен и холандскиот психолог Јелте Вичертс содржи анализирани податоци за интелигенцијата на жителите на 113 држави во светот.

Според оваа ранг листа, просечниот коефициент на интелигенција во Македонија е 91, исто како и во Брунеи, Камбоџа, Кипар, Литванија, Сиера Леоне и Тајланд.

Од регионот, најдобро рангирана е Словенија, на 11. место со просечен коефициент на интелигенција 96. Пред нас се и Романија со IQ 94, Бугарија IQ 93 и Грција IQ 92. Под нас на листата се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција, сите си IQ 90, додека во Србија просечниот коефициент на интелигенција е 89.

Сингапур со просечен коефициент на интелигенција (IQ) 108 се наоѓа на првото место на листата на најпаметни држави во светот, а следат Јужна Кореја со 106 и Јапонија со 105. Најнизок коефициент на интелигенција во просек е измерен во Екваторијална Нова Гвинеја, која се наоѓа на 43-тото место со IQ59.

Извор: Faktor.mk