
Утре во СРЦ Кале ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години ги почнува квалификациите за пласман на ЕП во Австрија, а во група се наоѓаат со Италија, Исланд и Грција.
Поради тоа нашиот јужен сосед бараа на дресовите и опремата на нашите млади репрезентативци да не стои името Македонија. Вакво известување стигнало од ЕХФ на адреса на РФМ.
„Изненадени сме од ваквиот начин на мешање на политиката и спортот, посебно кога се работи за натпреварување во младински категории во кое треба да се промовираат чисто спортскиот дух и вредност. Не сакаме да се оптоваруваме со ваквите провокативни притисоци. На официјалните дресови на македонските репрезентации секако не стои целосното име Македонија кое го има на тренерките на младите репрезентативци и тоа е неизбришив дел од опремата. Се надеваме дека од утре сите селекции учесници во квалификациите ќе бидат концентрирани само на спортскиот дел, и нема да обрнуваме на неспортските притисоци“, изјави од РФМ за порталот „Екипа“.
Извор: Sportski.mk