Премиерот Никола Груевски денеска се воздржа од подетален коментар за скандалот со набавката на медицинска опрема од фирмата „Висарис“, сопственички поврзана со новинарката Ивона Талевска.

gruevski

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на млекарницата „Суташ“, Груевски нагласи дека во изминатите денови се распрашал за деталите. Сепак целиот случај во јавноста веќе го објаснил министерот за здравство Никола Тодоров и поради тоа нема што да додаде.

Опозициската СДСМ минатите денови директно го прозва Груевски да даде одговор дали бил запознаен со случајот, кој според социјалдемократите е доказ за корумпирани спреги меѓу власта и одредени новинари.

Извор: Faktor.mk