Стевчо Јакимовски, Драгиша Милетиќ, Слободан Угриновски и Кире Гештаковски денеска, во хотелот „Карпош“, официјално ја обзнанија својата предизборна коалиција за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори…

DSC6654-640x320

Пред самиот старт на изборната кампања тие ја потпишаа и усвоија Декларацијата за заеднички настап на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014 година и за формирање на коалицијата ГРОМ. По тој повод лидерите на четирите партии, по свечениот чин на потпишувањето на Декларацијата, одржаа конференција за печат.

Денеска ја обзнануваме коалицијата ГРОМ, составена од Граѓанската опција за Македонија, Српската напредна странка во Македонија, Сојузот на Титови леви сили и Партијата на слободни демократи. Ова е практично третата опција во Македонија, а станува збор за партии што веќе имаат заедничко искуство од минатите изборни циклуси. Имајќи предвид дека и досега сме работеле во интерес на граѓаните на Македонија, очекувам дека и понатаму ќе продолжиме во истиот правец.

Мислам дека од голема важност е да кажеме дека разговараме и со други политички партии и невладини организации кои очекуваме да ѝ се приклучат на коалицијата. За нас е значајно што на овие избори ќе настапуваме под едно коалициско име, односно коалиција ГРОМ – рече лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, пред претставниците на медиумите.