
Партијата ГРОМ денеска ги претстави носителите на листите за пратеници за парламентарните избори…
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски информира дека ГРОМ на изборите настапува со своја изборна листа за парламентарните избори во сите шест изборни единици.
Носител во изборна единица број 1 ќе биде проф. д-р Чедомир Саздовски, во изборна единица 2 Виктор Цветковски, во изборна единица број 3 магистер Штерјо Николов, во изборна единица 4 Панче Минов во изборна единица 5 Љупчо Настевски и во изборна единица број 6 ќе биде магистер Горан Анчевски, изјави Јакимовски.
Тој нагласи дека очекува влез на ГРОМ во Парламентот. Посочи дека останува на ветувањето да не се кандидира, односно да остане да ја врши функцијата градоначалник на општина Карпош.