Граѓанската иницијатива 8-ми Септември утре 24.01.2014 (петок), со почеток во 19 часот, ќе одржи трибина во Сала Вигор- Делчево…

1530397_239304809582516_669179187_n

Трибина е на тема ” Храна, вода, облека и струја за секое семејство” , a на трибината  ќе се дебатира за следниве теми:

1. Животот на примателите на социјална помош, стечајните работници, семејствата во социјален ризик.

2. Животот на младите од семејствата кои примаат социјална помош, стечајни работници, семејства од социјален ризик.

3. Потреба од воведување и прифаќање на иницијативата за минимален достоинствен приход.

Модератор на трибината ќе биде Сашко Јованов, додека говорници кои ќе земат учество во самата трибина се Џелал Хоџиќ од Граѓанската иницијатива  8-ми Септември, потоа Мила Царовска – МППС, како и Зоран Биковски од Невладината организација КХАМ од Делчево.

Настанот е поддржан од Фондација отворено општество Македонија.