
Еден лекар во Нов Зеланд бил нападнат од ајкула додека бил на риболов…
Имено, 24-годишниот Џејмс Грант бил каснат од страна на ајкулата, за која не бил свесен дека се наоѓа точно зад него и која тој веднаш почнал да ја боди со ножот.
За чудо ајкулата исчезнала, а тој слободно можел да исплива на брегот, каде сам си ја зашил раната, со помош на опремата која ја носел.
Потоа заедно со неговите пријатели заминал во паб на пијалак, каде почнал да крвари. Конечно раната соодветно му била третирана кога се вратил на работа во болницата.
Инаку, нападите од ајкули се честа појава и во Нов Зеланд, а посебно околу бреговите во Саутленд и Отаго.